Џафери им го честиташе празникот Сите светци на католичките верници
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на припадниците на католичката вероисповед во државава им го честиташе празникот Сите светци.
-Посакувам денот да го поминете во душевен мир, семеен спокој и во спомен на сите кои го напуштиле овој свет и со себе ги понеле сите спомени, сите убави и заеднички мигови на семејни, пријателски и соседски врски. Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите вербата и надежта за да Ве водат кон подобро утре. Нека ве одликуваат скромноста, добрина и почитта кон другите. Ви пожелувам да имате добро здравје и да го прифатите животот со сите предизвици што ги носи благонаклоно и со благодарност, како најголем дар, пишува во честитката на Џафери.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола