Џафери ги распиша Локалните избори за 15 октомври 2017
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска, согласно со роковите утврдени со Изборниот законик, го потпиша Решението за распишување на Локалните избори за членови на советите на општините и советот на Градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје за 15 октомври 2017.
- Според законските одредби, локалните избори ќе се одржат на 15 октомври (недела) 2017 година. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до органот за спроведување на изборите, Државната изборна комисија на Република Македонија. Апелирам до сите учесници во изборниот процес, во периодот пред денот на изборите и на самиот ден на изборите, да се однесуваат во согласност со Уставот и законските одредби, а надлежните институции да обезбедат целиот изборен процес и самиот изборен ден да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера, така како што заслужуваат почитуваните граѓани на Република Македонија, изјави Џафери по потпишувањето на Решението во неговиот Кабинет.
Бидејќи изборната кампања ќе почне 20 дена пред денот на одржување на изборите, Џафери соопшти дека во тој период Парламентот ќе работи меѓутоа нема да има пленарни седници.
- Тоа е така со цел пратениците да имаат можност да се посветат целосно на изборната кампања, а во исто време да се одбегне можноста собраниските седници да се претворат во предизборна кампања, рече претседателот на Собранието на РМ.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер