Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.
- Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и нѐ носи еден чекор поблиску до финалното – стапување во сила на Договорот од Преспа, нешто што создава целосно различни позитивни перспективи и во нашите билатерални односи со соседната земја, но и во регионот, на целиот Балкан. Веќе влегуваме во нова историска фаза. Ги оставаме зад нас конфликтите од минатото и мислам дека оваа нова фаза ќе се покаже како исклучително позитивна за просперитет и соработка на полуостровот, рече Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Реал фм“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на предвидените временски рокови, портпаролот на грчката Влада објаснува дека штом ќе се финализираат уставните измени, кои, според него, не е предвидено да завршат пред крајот на јануари, грчкиот Парламент ќе расправа за Договорот од Преспа, а потоа ќе биде ратификуван со предвиденото парламентарно мнозинство.
-Моето мислење е дека сѐ ова ќе се случи, бидејќи постои парламентарен и политички сооднос за ратификација и стапување во сила на Договорот, без да бидат предизвикани било какви политички разврски, кои не се директно поврзани со самиот овој договор, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор.
Тој го повтори ставот дека Ципрас и Каменос за конкретното прашање одново ќе разговараат кон почетокот на март, но и ги отфрла сценаријата за предвремени парламентарни избори во мај и покрај вчерашните изјави на коалицискио партнер во владата, лидерот на Независни Грци.
-Рече дека ќе ја напушти владата штом Договорот од Преспа дојде во грчкиот Парламент. Ова, во никој случај не значи дека владата нема политички и парламентарни услови да го заврши уставниот мандат, додаде Ѕанакопулос во интервју за „Реал фм“, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
