Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во Парламентот, во спротивно немаше да го потпишеме
Очигледно е дека договорот ќе помине во грчкиот Парламент, во спротивно немаше да го потпишеме, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио Реал фм.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос објаснува дека грчката влада сака во Парламентот да има колку е можно поголемо мнозинство „за овој многу важен договорот, што на најдобар можен начин затвора едно 25-годишно прашање“.
-Господинот Каменос и Независни Грци доставија предлог во врска со потребата за едно проширено мнозинство во грчкиот Парламент, за 180 пратеници. Овој предлог е на маса. Грчката Влада ги очекува резултатите на референдумот и обидот за уставна ревизија и штом ова се заврши на позитивен начин, ќе го сториме она што го предвидува договорот, да го донесеме во грчкиот Парламент, борејќи се за колку е можно пошироко парламентарно мнозинство, кое според мое мислење, е можно да се постигне, рече Ѕанакопулос за грчкото радио.
Ново на Сител
-
Почина пешак во Струмица откако го прегазил камион
-
Физички инцидент меѓу двајца лекари во Клиничката болница - Штип
-
Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор
-
Без вода делови од Чаир, Бутел, Топанско Поле и Гази Баба
-
Глобален самит за вештачка интелигенција во Париз
-
Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
-
Поранешниот министер за безбедност на БиХ претепан од маскирани напаѓачи
-
За две седмици започнува тримечна акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Кисела Вода