Двојно убиство во центарот на Скопје - убиени две жени
40ет годишен скопјанец ги убил својата мајка и баба. Жените на возраст од околу 60 и 80 години биле избодени во сопствениот стан на улицата Рузвелтова во Карпош. Убиството се случило денеска околу 14 часот, а како што информира полицијата, мажот бил приведен по 20тина минути.
„Околу 14:40, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ј (40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 во стан на ул. Рузвелтова бр. 78, со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба, кои од здобиените повреди починале“, информира полицијата.
Соседите велат дека не слушнале ништо невообичаено во станот број 4 на вториот кат. Со двете жени живеел и нивниот син, ама ништо не навестувало дека тој ќе посегне по нивните животи.
Увид на местото правеа полицијата и обвинителството.Осомничениот е на распит и како што велат од МВР, по целосно расчистување на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
