Двојни избори на 8 мај, ДУИ одлучува кој ќе го замени Ковачевски до избори
Се поизвесно е дека 8 мај ќе биде датумот за избори. Иако и двајцата вицепремиери Битиќи и Груби само наговестија дека партиите се приближуваат со ставовите за датум, сепак министерот Лога од редовите на Алијанса откри дека според неговите информации изборите сепак ќе бидат на 8 мај.
Додека времето тече, се поблиску сме и до формирањето техничка Влада која ќе ја предводи албанец премиер. Ако изборите се на 8 мај, тогаш новиот премиер треба да започне да раководи со Владата од 29 јануари. Иако тоа е за околу два месеци отсега, партиите се уште немаат кандитат за нов премиер. Едно е сигурно, Груби нема да раководи со Владата, а премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.
По најавите дека Алијанса ќе излезе од владината коалиција ако не се донесат уставните измени, сепак велат ќе му дадат шанса на процесот и ќе го почекаат крајниот резултат за да ослучат. Не ја исклучуваат можноста да одат на избори со заеднички листи со СДСМ и ДУИ, но сепак се уште се водат само разговори.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар