Двојна ликвидација пред судот: Едниот изрешетан, другиот почина на операционата маса
Во пукањето што денеска околу 11 часот се случи во Ниш, во улицата „Иво Лола Рибар“, во близина на нишкиот суд, настрада Жарко Савиќ викан Ќенда, додека Александар Бајрактаревиќ викан Саша Лудак со тешки повреди е префрлен в нишкиот Клинички центар и починал на операционата маса, 2 часа подоцна.
Жарко Савиќ е застрелан со 6 куршуми, а во моментот на доаѓањето на итната помош, се уште давал знаци на живот, но набрзо им подлегнал на повредите.
На мотор марка „веспа“ се видени две непознати лица со кациги на глава како бегаат од самото место.
-Александар Б е донесен во нишкиот Ургентен центар со прострелна рана во градниот кош и прострелна рана во левата страна од срцето, велат лекарите и починал на операционата маса и покрај напорот на лекарите за да го спасат.
Инаку на Александар Б. кој почина во болница на операција во август минатата година автомобилот му беше кренат во воздух во Ниш. При тоа нему му е ампутирана левата нога, а гелерите повредија и двајца минувачи, момче (22) и девојка (21).
Тој денеска околу 9.30 часот имал судење во нишкиот суд како обвинтер за убиство во Ниш од пред 9 години, но судењето е одложено, зошто еден од обвинетите не се појавил.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“