Живот
12. August 2015 - 10:54

Двојка од Нов Зеланд чека „Совет на старците“ да им одобри да се венчаат

Правилата на некои верски секти понекогаш се граничат со бизарности, за што доказ е и неодамна објавенит документарен филм „Глоријавејл“ за истоимената секта, каде на идните брачни партнери име е забранет разговор пред да се венчаат, а за тоа кој со кого ќе стапи во брак одлучува Совет што го сочинуваат „12 старци“.

Се работи за затворена заедница на Нов Зеланд, што ја сочинуваат околу 500 членови. За оваа сектата малку се знаеше до пред 15 години, се додека нејзиниот основач Невил Купер не заврши во затвор, поради сексуално злоставување на малолетни членови на Грлтојавејл.

Споменатиот документарен филм говори за Пол Валора и Перл Хоп, кои за да можат да се венчаат мораат да ја чекаат одлуката на Советот на старците.

- Тие имаат попис на сите членови кои се во крвна врска, а кога ќе им кажете дека сакаат да се жените, ви нудат пет-шест девојки со кои не сте во сродство, изјави Пол.

Контрацепцијата не е дозволена, а вообичаено е една брачна двојка да има 12 деца.

Сепак, посебно е загрижувачка праксата за донесување одлуки за одењето во болница во случај на проблеми со бременоста. Имено, ако навистина дојде до компликации, мажот е тој кој одлучува дали сопругата и детето ќе ги испрати во болница. Не треба посебно да се истакнува дека жените се инфериорни во споредба со мажите.

Откако документарниот филм беше емитуван, јавноста била згрозена на заедницата Глоријавејле, а полицијата  започна истрага поради обвинението за злоставување откако пранешните членови изјавиле дека тоа е култура во која сексуалното злоставување е вообичаено и најчесто вината им се префрла на жртвите.