-->
-->
ДВОЈАЗИЧНОСТА НА ЗАЕВ НА ДЕЛО: Џафери го пречека дипломатскиот кор со „Përshëndetje“, Собранието почна да праќа двојазични соопштенија
-->
Талат Џафери своето излагање пред присутните го почна на албански јазик, ги поздрави, а потоа средбата продолжи зад затворени врати.

Претходно, соопштенија на македонски и на албански јазик почнаа да доаѓаат од Собранието, што не било случај досега. Службата за информирање од Законодавниот дом утрово испрати известувања во кои имаше прикачено два документа, еден на македонски и еден на албански јазик.
Се работеше за известувања дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе оствари средби со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

Беа испратени два имејла со соопштенијата за средбите. Првиот пристигна во 10:13 часот и во него беше прикачен документ само на македонски јазик. По половина час, од истата имеил-адреса на службата за информирање од Собранието пристигна уште еден имеил, во кој, покрај македонскиот документ, беше прикачен документ и на албански јазик кој ја најавува истата средба со амбасадорите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
