Дводневен камп за млади на тема „Родова рамноправност” во Кавадарци

Дводневен камп за млади за родова рамноправност се одржува во кавадаречкото одморалиште Михајлово. Настанот е дел од проектот „Пополни ги празнините” кој го реализира невладината организација на жени „Женско лоби” од Демир Капија, во соработка со невладините организации Младински центар „Креактив” и „Чекор кон Европа” од Кавадарци и демиркаписката Фондација „Ценет”.
- Основна цел на проектот е зголемување на јавната свест за важноста на родовата рамноправност и заштитата на женските човекови права. Една од специфичните цели на овој проект е изработка на листа на препораки и активности кои ќе се вклучат во програмата за работа при комисиите за еднакви можности во општините од тиквешкиот регион, рече Менче Николова, проект-координатор на „Женско лоби”.
Претходно, како дел од овој проект беше одржана работилница насловена „Родова рамноправност и женски права во тиквешкиот регион”, која беше наменета за членови на невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика. Николова се осврна и на другите активности во рамките на проектот како печатење на едукативна брошура.
- Главната активност е месецот на родова рамноправност. Во негови рамки се предвидени и бројни работилници за средношколци и основци, јавни трибини против семејното насилство и изработка на видеоспот и медиумска кампања насловена „Мажи за жени”, додаде Николова.
Проектот трае од април до декември оваа година, а финансиски е поддржан од Екуменска иницијатива на жени од Република Хрватска.
Ново на Сител
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
-

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари
-

Седум компании покажале интерес за инвестирање во дата центри
-

Се сруши потпорен ѕид на штипска клиника и затрупа две возила
-

Удавен добиток, поплави, уништени земјоделски посеви - обилните дождови предизвикаа сериозни штети во Струмичко
-

Мицкоски: Бараме решение за превозниците
