Движењето против коцкање со перформанс укажа на последиците од игрите на среќа

Движењето против коцкање од Тетово одржи симболичен перформанс со поставување ткн.лавиринт со цел да укажат на последиците од коцкањето и игрите на среќа. Воедно оваа активност според движењето е протест и револт кон државните институции поради неизменување на законот за игри на среќа.
– Почнавме една иницијатива по подолго време и еден вид протест и притисок на власта и комисијата за финансисрање и буџет. Се одлучивме да се направи овој лавиринт и го нарековме „Лавиринт на живот-стапица или надеж“. Ова е еден вид симулација на казино влегување во темни лавиринти со многу несакани последици и лаги. Со тој лавиринт на животот и многу луѓе пред нас што влегле и завршиле со тешки последици со самоубиство, изјави Џемал Абдиу од движењето.
Дел од изведбата со лавиринтот на коцкањето, според Абдиу, е обидот и да се најде излез од коцкањето како порок.
– Единствена цел по влегување во овој лавиринт да се следи светлината и интуицијата и никако не смееме да застанеме внатре. Односно да се фокусираме на таа светлина и да ја следиме со цел да ја најдеме суштината на животот,да не веруваме во феномени како казина и да одиме напред, изјави Абдиу.
Ваквиот перформанс со лавиринт Движењето ќе го спроведува и во наредните саботи во Гостивар, Охрид, Прилеп, Скопје и Струмица.
Движењето против коцкање води кампања во која бара објектите каде се приредуваат игри на среќа да бидат три километри надвор од населените места градовите, да се одвојува 5 отсто од буџетот од игрите на среќа за реновирање на објекти од јавен интерес, како и да се направи национална стратегија за едукација околу опасностите кои ги предизвикува коцкањето.
Ново на Сител
-

Од бостан, пиперки и лозје заработивме 350.000 евра, продававме и во Горни Милановац – сведочеше мајката на судијата Ѓоко Ристов
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
