Македонија
21. February 2018 - 14:26

Движење БЕСА: Ова е фалсификаторот Билал Касами

Денес и во деновите што следат ќе имаме неколку прес-конференции за да обелодениме еден мега-скандал кој го направил поранешниот претседател на Движењето БЕСА фалсификувајќи ги документите на Движењето БЕСА во судот и поднесувајќи таму документи кои тој ги напишал дома или кои му ги имаат напишано тие кои го порачале расколот, додека тој ги испратил во судот како тие да се официјални документи на Беса.

Ние истражувавме во досието на Движењето БЕСА во Судот и сме ги пронашле т.н. документи кои ги фалсификувал поранешниот претседател. Всушност, веднаш по завршувањето на локалните избори, во периодот кога тој го блокираше функционирањето на партијата, односно во периодот кога ние го молевме да најдеме едно компромисно решение, тој веќе започнал со својата задача работејќи скришум. Тој поднесол во Судот во Скопје фалсификувани имиња за претседатели на ограноците на Движењето БЕСА, со што сакал да создаде фиктивно мнозинство во Централниот Совет, бидејќи знаел која е реалната поддршка за него.

За да биде појасно, пред јавноста ќе претставиме неколку факти:

• Првата седница на тогашниот Централен Совет во кој беше изразено незадоволство кон Билал Касами се случи на ден 24 декември 2017. Ова седница беше свикана од мнозинството на членовите на Централниот Совет со собирање на потписи на ден 21 декември 2017 година.

• Во меѓувреме, Билал Касами на 15 ноември и 4 декември поднесол во судот фалсификувани имиња на претседателите на ограноците.

Се поставува прашањето: што го поттикна Билал Касами дури во ноември да ги фалсификува имињата на претседателите на ограноците, кога се знаеше дека во тој период немаше незадоволство изразено кон него? Кој го побарал тоа од него и зошто тој го направил ова фалсификување? 
За ма му е јасно на јавноста какво фалсификување направил Касами, денес ќе објавиме дел од тоа. На 15 ноември 2017 година тој, во судот надлежен за регистарот на политичките партии (предмет бр. 131/17), ги поднел имињата на претседателите не ограноците на Движењето БЕСА, кои според статутот на Движењето БЕСА по автоматизам се и членови на Централниот Совет, и меѓу 25 имиња ги додал најмалку уште 5 фалсификувани имиња на претседателите на ограноците на Движењето БЕСА.

Вреди да се спомене дека внатрешните избори во Движењето БЕСА, според Статутот, започнаа со усвојувањето на Деловникот за организирање на конгресот, односно на 6 јануари 2018 година.

Еве дел од тие манипулации: 
- Во Боговиње, сите знаат дека според сите процедури предвидени со статут и според записникот, дури и во присуство на самиот Билал Касами, за претседател на огранокот беше избран Шпенд Тахири. Но, Билал Касами во судот го поднел името на Нуредин Деари како претседател на овој огранок.

- Иако Движењето БЕСА имаше две членови на Централното Претседателство од Ресен, Кастриот Реџепи и Аријанит Хоџа, тие не успеа да ги најдат ниту десет луѓе за да основат огранок таму. Меѓутоа ова не му пречело на Билал Касами во судот да го поднесе името на Аријанит Хоџа како фиктивен претседател на огранокот на Ресен.

- Во Струга избран претседател на огранокот бил Риат Абдурахмани, но како што изгледа Билал Касами не му верувал, па во судот како претседател на огранокот на Струга го поднел името на Нусрет Зиба, дојден од НДП.

- Во Шутка претседател не огранокот на Движењето БЕСА, и тоа избран во присуство на Билал Касами, беше избран Арсим Емини, меѓутоа Билал Касами во судот го поднел името на Мухамед Цури.

- Во Карпош, претседател на огранокот беше избран Јонуз Фејзулаху, додека Билал Касами во судот го поднел името не Илир Хоџа.

Почитувани граѓани Албанци и членови на Движењето БЕСА каде и да сте, овие се јасен доказ за застрашувачкото сценарио против идеалот на Движењето БЕСА, спроведен лично од страна на поранешниот претседател заедно со тие кои му ја дале ова задача. Најзлото во ова работа е фактот дека овој фалсификат тој го спремал во времето кога ние сме му верувале, додека тој ја прегазил нашата доверба и ја употребил службената положба како застапник на Движењето БЕСА во судот за да ги фалсификува имињата на централниот Совет.

Почитувани, утре ќе продолжи вториот дел од епизодата на МЕГА-СКАНДАЛОТ на фалсификувањата создадени од Билал Касами.

Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека овие податоци се пријавени и во органите на правдата и тој ќе се соочи со кривична пријава за фалсификување на документите и службените акти на Движењето БЕСА.

Нема полошо својата кариера да ја завршиш со срам.

Движење БЕСА – Скопје