Двеста земјоделци од Кавадарци и Росоман обезбедиле трактори со државна помош
Двеста земјоделци од Кавадарци и Росоман обезбедиле трактори со државна помош изминатите неколку години.
Како што информира за МИА Драган Николов, раководител на кавадаречката Подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, станува збор за поддршката „50-50“ во која половина од вредноста покрива државата, а останатата половина е на товар на земјоделците.
- На ниво на Македонија со оваа поддршка земјоделците обезбедиле 7.682 парчиња приклучна механизација од кои 800 парчиња кавадарчани и росоманчани, вели Николов.
Според него, преку ИПАРД програмата со која исто така земјоделците плаќаат половина од инвестицијата, во двете општини се купени 150 трактори, а по новиот ИПАРД повик два. Аплицирале околу 100 земјоделци и во овој случај, им се враќаат 60 проценти од вложените средства.
- По програмата за млади земјоделци, околу 460 лица добија грант од 10.000 евра на последниот повик, од кои 26 од Кавадарци и Росоман, истакнува Николов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ