-->
-->
Двеста килограми марихуана откриени во морето во близина на хрватските острови Вис и Хвар
-->
- Хрватската полиција соопшти дека е откриена голема количина марихуана во морето во близина на островите Вис и Хвар, јави информативниот портaл Индекс.
Јужно од Хвар вчера и денеска претпладне се пронајдени два пакети марихуана со вкупна тежина од 160 килограми.
Јужно од Вис во петокот биле откриени други два пакети со тежина од 25 килограми.
Полицијата ја собрала марихуаната и го известила државното обвинителство. Истрагата продолжува.
Хрватските медиуми во саботата јавија дека големи пакети марихуана се забележани во водата во близина на градските ѕидини на Дубровник, а полицијата претпостави дека тие испаднале од моторен чамец кој ја поревезувал дрогата од Црна Гора за Италија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
