Македонија
10. October 2015 - 19:10

Две жртви на патиштата во битолско

Две тешки сообраќајни несреќи утрово се случија на патниот правец А3 Битола – Прилеп и Демир Хисар – Битола пред селото Лопатица.

Првата сообраќајна несреќа се случила во 02:50 на патниот правец Битола – Прилеп, кај мостот во близина на реката Шемница. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Едното Хjундаи пони со битолски регистарски таблички, управувано од Пеце К. (32) кој починал на лице место од ударот, а другото возило марка Ауди со битолски регистрски таблички во кое се наоѓале две лица кои се здобиле со телесни повреди.

Поради лошите временски услови на патот настанал верижен судир во кој се судриле пет возила, а две од лицата кои се наоѓале во автомобилите се повредени.

Втората сообраќајна несреќа се случила во 07:20 пред селото Лопатица, во која животот на лице место го загуби 23 - годишниот Валентин С. од Демир Хисар. Според првичните информации возилото марка Фолксваген голф поради засега неутврдени причини излетало од патот, при што возачот починал на лице место.