Две жени се скараа, па силите си ги измерија преку своите автомобили
Две жени направија општ хаос на паркинг во Лос Анџелес, приредувајќи сцена како од филмот „Брзи и бесни“.
Наводно, се почнало кога едната и го пресекла патот на другата, а потоа оваа ја застанала на најблискиот паркинг.
- Мислев дека сака на паркингот да размениме податоци околу осигурувањето, но таа ме турна наземи и почна да ме клоца. Викаше: „ми го пресече патот“, а јас повторував дека ми е жал, но не сум го сторила тоа, рече за Ен-Би-Си 33-годишната Јаја Шабаж од Атланта, сопственичката на Тојота РАВ-4, која одела нагости кај својот брат во во Лос Анџелес.
Потоа, другата жена извадила чекан од своето Бе-Ем-Ве Икс-3 и почнала да удира по другото возило. Шабаж во тој момент влегла во својот автомобил и почнало демолирањето
- Не сакав никого да повредам, само сакав да избегам од паркингот, ги правда Шабаз своите неколку удари во Бе-Ем-Ве-то.
Од полицијата неофицијално известуваат дека тие две веројатно се познаваат од порано, како и дека ги кријат вистинските причини за тепачката.
Ново на Сител
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС
-
Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството
-
Старица пријавила измама од 30 илјади евра од лице кое се претставувало како лекар
-
Мицкоски: По седум години застој градиме интерконектор за гас со Грција
-
Голем пожар во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина
-
Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години
-
Путин не оди на самиот на БРИКС во Бразил заради опасност од апсење