Две третини од Русите посакуваат Путин да остане претседател и по 2018 година
Владимир Путин да остане претседател и по 2018 година посакуваат дури 63 отсто од учесниците во истражувањето на рускиот социолошки центар „Левада“, пренесоа руските медиуми.
Околу 19 отсто од вкупно 1.600 анкетирани биле против Путин да остане шеф на државата по 2018 година. Во 2014 година, 58 отсто од анкетираните Руси сакаа актуелниот претседател да остане на својата функција и по 2018 година, додека во 2012 година тој ја имаше поддршката од само 34 отсто.
Само 26 отсто од учесниците во анкетата сметаат дека до 2018 година може да се појави личност, способна да го замени Путин на позицијата шеф на државата, а 49 отсто не се согласуваат со ова тврдење.
Октомвриската анкета на социолошкиот центар „Левада“ покажа дека рејтингот за одобрување на работата на Путин ги достигнал највисоките показатели годинава, цели 84 проценти поддршка. Во септември неговиот рејтинг изнесуваше 82 отсто.
Премиерот Дмитриј Медведев, пак, доби позитивна оценка за својата работа од само 48 отсто испитаници, додека работата на владиниот кабинет во целина ја одобруваат само 43 отсто Руси.
Ново на Сител
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид