Две сообраќајки за 10 минути синоќа на патот Јурумлери - Долно Лисиче, три лица тешко повредени

Синоќа во 21,25 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(41) од Скопје, патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од с.Кадино-скопско, и патничко моторно возило „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од с.Јурумлери-скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.В., а со телесни повреди се здобил И.С. по што биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Десет минути претходно, во 21,15 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Јурумлери- с.Долно Лисиче се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(30) од с.Долно Лисиче-скопско, и велосипед управуван од З.Б.(54) од с.Долно Лисиче- скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил З.Б.,по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
