Две сестри од Кавадарци осомничени за трговија со дрога, одреден им е куќен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две сестри, на возраст од 26 и 28 години, осомничени дека се соизвршителки во кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, на 10 февруари, во нивниот дом во Кавадарци, биле пронајдени 17 пакувања со вкупно 147,16 грама амфетамин, 16 таблети метилен-диоксиметамфетамин, потоа 15,89 грама марихуана во две пакувања и уште четири рачно направени цигари со мешавина од марихуана и тутун.
-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност за повторување на делото. Ценејќи ги сите околности, Основниот суд во Кавадарци на осомничените им определи мерка куќен притвор, соопшти ЈОРСМ.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп