Две седници на собраниската Законодавно-правна комисија
– Во Собранието денеска ќе се одржат две седници на Законодавно-правната комисија, а на едната од нив ќе се разговара за Предлог законите за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела со насилство и за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.
На дневен ред е и Предлог одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот и членовите на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.
На втората седница ќе се разговара за Предлог законот за заштита на потрошувачите, како и за измени на Законот за гранична контрола, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за техничките барања за производите и оцена на сообразност, за зоотехника и за Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина.
Ново на Сител
-

Мадуро денеска пред федералниот суд на Менхетен ќе ги слушне обвиненијата за наркотероризам
-

Се воведува е-фактура
-

Се прават последните подготовки за Бадник и Божиќ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дејан Пројковски
-

Мадуро утре ќе се појави пред американскиот суд
-

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во акцискиот план за малцинствата
-

Жестоки мерки за маркетите кои не го почитуваат Законот за нефер трговски практики, најави Мицкоски
