Македонија
20. September 2022 - 21:32

Две различни изјави за шест месеци – Опозициската ВМРО-ДПМНЕ трет ден по ред го обинува премиерот Димитар Ковачевски

Две различни изјави за шест месеци – опозициската ВМРО ДПМНЕ трет ден по ред го обинува премиерот Димитар Ковачевски за воено дезертерство, но и дека свесно ја лажел јавноста измислувајќи различни причини зошто не одговорил на поканата за служење воен рок. Од партијата денеска го повикаа првиот човек на македонската влада да одговори која е вистинската причина зошто не служел војска за време на воениот конфликт.- дали запишувањето на факултет или здравствените проблеми.

Освен тоа што Ковачевски е дезертер тој е и лажго. Прашањето е кога ја лажеше јавноста, кога вели дека е трајно неспособен поради медицинска евиденција пред 20 години или кога вели дека дезертирал зошто учел факултет. Вчера и дезертерот Ковачевски призна дека бил трајно неспособен поради медицински операции. Но, пред само 6 месеци на прашањето дали служел воен рок, тој кажа дека не служел затоа што бил на студии, а кога завршил со студирањето повеќе немало обврска за служење војска, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Со контра обвинувања и и од владејачката СДСМ. Според нив единствен воен дезертер е Драган Ковачки кој како полковник ја напушти армијата за да стане пратеник на ВМРО ДПМНЕ. Од партијата откриваат дека против Ковачки, кој како што велат политички дезертирал,  веќе имало и кривична пријава за фалсификување на исправа.

Колку е очаен шпицниот градоначалник Мицкоски, покажува примерот со Драган Ковачки. Еве зошто Мицкоски го одбрал Ковачки за пласирање на невистини и манипулации. Прво единствен воен дезертер на политичката сцена е Драган Ковачки. Ковачки беше Полковник во АРМ но политички дезертираше и ја напушти Армијата за да му слугува на Мицкоски како пратеник. Дополнително јавноста треба да знае дека против Драган Ковачки има и Кривична пријава, за фалсификување исправа, велат од СДСМ.

По објавувањето на документите според кои се гледа дека Премиерот Ковачевски добил лекарско мислење дека е трајно неспособен за служење војска, тој ваквите обвинувања ги карактеризираше како невиситини од опозицијата.