Тенис
1. јуни 2016 - 17:15

Две победи со пресврт на Ѓорческа на фјучрсот во Унгарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна две победи денеска на фјучрсот во Ходмезовашархељ. Првин во сингл ја победи Вера Лапко со 2-1 во сетови (3:6; 6:4 и 6:3). Овој меч во вториот сет при 1-1 во гемови беше во прекин поради дожд. Во продолжението Ѓорческа успеа да се избори за победа.

Нашата тенисерка заедно со Романката Ирина Марија Бара беа во негатива по првиот сет откако го загубија со 6:1. Во вториот сет беше нерешено до 5:5 во гемови, а потоа стигнаа до 7:5 и изедначување во сетови. 
Во решавачкиот сет на поени беше 10:7 за Ѓорческа и Бара (втори носителки), кои во полуфиналето ќе играат против Анастасија Комардина и Ребека Шрамкова.