Две пензионерки од Словенија и Хрватска починале по вакцинирањето
Жена сместена во дома за стари лица во Словенија починала откако ја примила вакцината на Фајзер-Бионтек против ковид-19, но нејзината смрт нема непосредна врска со вакцината. Таа боледувала од повеќе болести, објавија словенечките медиуми.
Националниот институт за јавно здравје соопшти дека до нив стасале две пријави. Првата, за несакани последици по вакцинирањето и втората, за смртен случај кој „коинцидира“ со вакцинирањето, за што веќе го известиле министерството за здравство.
Од министерството, како што известува Телевизија Словенија, ќе го свикаат одговорниот тим за вакцинација и тој детално ќе го проучи случајот за да утврди дали постои каква било врска меѓу примената вакцина и смртта на старицата, за што јавноста ќе биде во целост информирана.
Словенечките медиуми наведуваат дека штитеничката од старечкиот дом имала многу други придружни болести и најверојатно, вакцинирањето не може да се доведе во врска со смртта.
„Податоците за нуспојавите од вакцинацијата ги прибира Институтот за јавно здравје. Таму одделно се анализира секој случај“, вели државната секретарка од словенечкото министерство за здравство, Марија Магајне, коментирајќи ги неофицијалните информации за причините за смртта на старицата.
Ново на Сител
-
Во Маврови Анови наврна 61 сантиметри снег, а најстудено утрово на Попова Шапка - 3 степени
-
Во Австралија запленети рекордни 2,3 тони кокаин
-
КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме
-
Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев поранешен Началник на Генералштабот на Армијата
-
ДУИ: Деца Албанци на културен настан во Челопек носеле униформи кои ја симболизираат историјата на албанскиот народ
-
Шолц во посета на Киев
-
Десетици загинати во судирите меѓу ривалските навивачи на фудбалски натпревар во Гвинеја
-
Хамилтон му се извини на Мерцедес за грешките во Катар