Две од седум исчезнати деца во Малезија пронајдени живи по 47 дена
По исчезнувањето на шест девојчиња и едно момче на возраст меѓу 7 и 11 години, кои избегале од училиштето на 23 август и се криеле во џунглата, специјални екипи трагачи од малезиската полиција вчера пронашле две девојчиња од групата. По 47 дена тие, прегладнети, но релативно здрави се однесени во локална болница, каде што ќе се опоравуваат.
Денешните весници во Малезија јавуваат дека девојчињата преживеале хранејќи се со шумски плодови и опстанале, иако немале никаква обука за однесување во вакви услови. Спасителите ги пронашле речиси во последен момент, бидејки биле толку исцрпени што сами не можеле да стојат на сопствените нозе.
Трагачите во минатата среда откриле едно тело, за кое е утврдено дека е од групата што избегала од училиштето. По пронаоѓањето на двете преживеани девојчиња, во областа Келантан, подрачје со густа прашума и брзи реки, се зголеми бројот на трагачи кои се надеваат дека живи ќе ги најдат четирите девојчиња.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции