Живот
4. November 2018 - 14:21

Две недели не му смениле пелена на бебето, го јадел црви: Почна судењето на родителите монструми, одговорни за смртта на 4-месечниот син

Очите на детето биле отворено, зјапал во празно, изјави медицинската сестра на судењето за убиство на Стерлинг Коен, четиримесечно бебе кое службениците на итната помош го пронашле мртво во станот на родителите, Захарија Пол Коен и Чејани Харис.

Кога лекарите од итната помош го тргнале покривачот, од детето почнале да излегуваат врви. Неговото тело е пронајдено кон крајот на август 2017 година, во станот на неговите родители во американската држава Ајова.

Двајцата родители се уапсени и обвинети за убиство и занемарување на здравјето на детето со смртни последици.

Двојката имала уште едно дете, двегодишно девојче, кое исто така било во станот кога Стерлинг е пронајден мртов.

Девојчето било во добра здравствена состојба и добивало соодветна нега.

Обвинителот Колеман Мекалистер на судот објасни дека детето на себе имало иста пелена речиси две недели.

„Умре поради осип од пелени. Да, добро слушнавте осип од пелени“, изјави обвинителот.

-Пелената била целосно натопена со измет и урина, што привлекло инсекти кои тука положувале јајца од кои се развиле црви. Стерлинг Коен поради тоа добил тежок пеленски осип, а низ повредите на кожата во организмот влегла бактериајта ешерихија коли, изјави тој.

Обдукцијата утврди дека причина за смртта е неухранетост, дехидрација и бактериски инфекции. Во моментот на смртта, бебето имало само 3 килограми.

Според изјавите на медицинсакта сестра која прва дошла на местото, таткото не покажувал никакви емоции.

„Не донесе во мрачната, топла просторија во која лежеше безживотното тело на бебето. Неговата облека била закорена, а кога го тргнавме покривачот, полетаа муви“, изјави таа на суд.