-->
-->
Две нарушувања на јавниот ред и мир во Струга
-->
Полицијата во Струга во изминатите 24 часа регистрираше две нарушувања на јавниот ред и мир поради физички напад во уготителски објект и сериозни закани.
СВР Охрид денеска соопшти дека изутрината околу 5 часот во угостителски објект лоциран во градскиот пазар во Струга две лица извршиле физички напад врз С.Џ. (46) од струшкото село Мислодежда.
Втората пријава била ден претходно, односно на 10 август, 30 минути по полноќ на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга каде А.М (21) и негова невенчана сопруга А.И. се карале, викале, по што А.М. и упатил сериозни закани.
Полицијата работи на расчистување на двата случаи и против сторителите, согласно одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба

