Две награди за Блаже Миневски на конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“
Блаже Миневски доби две награди за краток расказ на конкурсот на весникот „Нова Македонија за 2015 година. Писателот доби прва награда за расказот „Жива душа“ и втора награда за „Седмиот ден“. Третата награда на годинашниот конкурс ја доби Иво Митев, автор на расказот „Небесна фотографија“.
Одлуката за наградите ја донесе жири во состав Александар Прокопиев, селектор, и Весна Дамчевска, уредник во рубриката Култура во „Нова Македонија“.
Жирито предложи и три раскази за откуп: „Височините на Феликс“ на Марта Маркоска, „Двете дланки“ на Јована Матевска и „Наимарот“ од Петре Димовски.
- По едномесечното собирање, разгледување и препрочитување на расказите што беа испратени на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“, жирито го донесе следниот заклучок - конкурсот беше успешен, бидејќи одѕивот годинава беше задоволителен - пристигнаа вкупно 180 ракописи, повеќе од лани, а многу од нив се квалитетни и ги задоволуваат критериумите на издржана наративна структура и вештина во изразот. Неколку автори, по квалитетот на своите дела, се издвоија од другите, образложи жирито.
За првонаградениот расказ (Жива душа) жирито наведува дека во него е „очигледно мајсторското умеење низ жива наративна форма да се преплетат познатите јунаци (имиња) од класичната руска литература на Толстој, со еден невообичаен, иновативен начин, тие да се претопат во приказна за љубовта и за болката“.
- Моралната порака на овој расказ е силна, но не му пречи на дејството, туку напротив ја засилува вистината за човековото живеење, стои во одлуката на жирито.
Наградените раскази редакцијата на „Нова Македонија“ ќе ги објавува во прилогот за култура ЛИК, кој излегува секоја среда.
Ново на Сител
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора