Балкан
28. October 2015 - 16:49

Две момчиња скинале постер од Ердоган, обвинителството бара затвор!

Турското државно обвинителство подигна обвиненија против две деца на возраст од 12 и 13 години за навреда на претседателот на државата  Реџеп Таип Ердоган, откако скинале постер со неговиот лик.  Обвинителството во Дијарбекир за момчињата побарало затворски  казни  во траење од  14 месеци до 4 години. Двете деца  објасниле дека го скинале постерот, за да го продадат како стара хартија и не обрнале внимание што има на него.

Иран  за првпат ќе учествува на  самитот во Сирија

Иран ја прифати поканата на  САД за да учествува на дводневните   меѓународни преговори   за сириската криза.  Состанокот почнува утре во Виена. На него покрај  шефовите на дипломатиите на САД и Иран , ќе учестуваат и нивните колеги од Русија, Саудиска Арабија и Турција. Инаку  ова е прв пат Техеран да биде поканет  на разговори со Вашингтон и Москва во врска со  4 годишниот конфликт во Сирија. Техеран и Москва се главни поддржувачи на сирискиот претседател .

Нигериската армија ослободи повеќе од 300 жени и деца заробени од Боко Харајм

Нигериската војска ослободила над 300  жени и деца во операцијата против исламистите од Боко Харам во шумата Сабиса во северосточќниот дел на  земјата. При акцијата, војниците убиле   30 борци  на исламистичката група  и заплениле оружје и муниција.