Две момчиња се убиени со нож на улиците од Лондон за само 24 часови

Едно 15-годишно момче е избодено со нож и убиено во Лондон, што е втор таков инцидент во британскиот главен град, во изминатите 24 часови.
Според соопштението на лонднската Метрополитен полиција, момчето било убиено во населбата Кројдон, во југозападен Лондон. Неговото мртво тело го откриле случајни минувачи, ноќеска, нешто после полноќ.
Полицијата отвори истрага за наоѓање и апсење на убиецот, но засега не се знае ниту мотивот за убиството, ниту во какви околности се случило. Никој досега не е приведен на сослушување, или уапсен.
Синоќешното убиство во населбата Кројдон е 13-от ваков инцидент на улиците од Лондон, од почетокот на оваа година. Сите убиства се извршени со нож, или со некое друго ладно оружје. Во текот на целата мината година, во британскиот главен гард биле убиени 12 момчиња.
Претставник на општинскиот совет на Кројдон изјави денеска дека последното убиство веќе почнува да загрижува, затоа што се случуваат премногу брзо и ги има многу често.
Тој побара од полицијата и од властите „итно преземање мерки“ за да се запре убивањето млади момчиња на лондонсите улици и за да се врати мирот и безбедноста.
Ново на Сител
-

Детали за вчерашниот земјотрес почувствуван во Скопје, Тетово и околината
-

Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и ДЗР
-

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
-

Вештачка интелегенција користат 45,4 проценти од младите во земјава, во ЕУ 63,8 отсто
-

Украина се подготвува за избори и референдум за евентуален мировен договор со Русија
-

Трамп размислува за испраќање дополнителна „армада“ на Блискиот Исток
-

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Шуто Оризари, Марино и Волково
-

Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
