Македонија
4. July 2018 - 14:05

Две момчиња нападнати во диско во Градски парк

Рано утрово во 06.00 часот С.П. (25) од Скопје пријавил дека околу 02.40 часот додека со негов другар В.С. биле во ноќен клуб во Градскиот парк, непознато лице физички го нападнало, а потоа со шише го удрило во главата.

Од страна на обезбедувањето на клубот сите лица биле изнесени надвор од објектот, каде, според пријавеното, непознатите лица повторно ги нападнале С.П. и неговиот пријател.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.