-->
-->
Две моќни експлозии избувнаа на крстосница во Анкара
-->
Две експлозии избувнаа на крстосница во турската престолнина Анкара, соопшти Си-Ен-Ен Турк.
Турските медиуми јавуваат дека има голем број повредени лица, но засега нема потврда за загинати во експлозиите.
На местото на настанот, кој се случи во близина на централната станица, испратени се многу амбулантни возила.
Експлозиите се случија непосредно пред планираниот мировен марш, во знак на протест против конфликтот меѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.
Засега не се знае причината за експлозиите.
/
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка