Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска

Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица.
Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување.
– Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле остатоци од ултралесен авион и, за жал, во авионот се пронајдени две тела, изјави Петар Прпиќ од ХСС.
Прашан дали силната бура што вчера зафати делови од Хрватска е можна причина за несреќата, Прпиќ рече дека не сака да шпекулира за причината за падот на авионот, но потврди дека временските услови биле лоши.
Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопшти дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE, кој летал од Чешка до Задар, бил исгубен вчера во 16:14 часот на околу 17 наутички милји североисточно од Задар.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
