Две лица загинаа во пад на мал авион на Велебит во Хрватска

Две лица загинаа при пад на ултралесен авион кој исчезна од радарот над Велебит во Хрватска вчера попладне. Остатоците од авионот и телата на жртвите беа пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица.
Околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка (ХСС) служба учествуваа во големата операција за пребарување.
– Нашите спасувачи преку радио околу 22 часот известија дека стигнале до локацијата и пронашле остатоци од ултралесен авион и, за жал, во авионот се пронајдени две тела, изјави Петар Прпиќ од ХСС.
Прашан дали силната бура што вчера зафати делови од Хрватска е можна причина за несреќата, Прпиќ рече дека не сака да шпекулира за причината за падот на авионот, но потврди дека временските услови биле лоши.
Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопшти дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE, кој летал од Чешка до Задар, бил исгубен вчера во 16:14 часот на околу 17 наутички милји североисточно од Задар.
МИА
Ново на Сител
-

За една година поднесени 1.883 барања за ин–витро на товар на државата
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
