-->
-->
Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман
-->
Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.
- Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.
Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.
Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.
Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
