Две лица во Дебар не ја почитувале забраната за движење

Полициската статистика потврдува дека во изминатото деноноќие, на подрачјето на Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, две лица не ја почитувале забраната за движење.
-Во текот на изминатото деноноќие за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид-19 на подрачјето на ОВР Дебар, две лица не ја почитувале забраната за движење.Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
По повеќе од еден месец, во Дебар на 27 април беа регистрирани првите прекршувања на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус.
Димоски информираше дека на ова подрачје не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Во изолација нема а во самоизолација се седум лица.
Врз основа на одлуката на општинскиот Оперативен штаб волонтерите на дебарскиот Црвен крст продолжуваат да даваат помош – услуга за најранливите групи, стари и изнемоштени лица, лица со попреченост, хронично болни.
Дебар од вчера е меѓу шесте градови каде нема активни случаи со Ковид-19.
Ново на Сител
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
-

ЕУ предупредува: Алгоритмот на ТикТок ги изложува корисниците на содржини штетни за менталното здравје
-

Кумановец нападнал полицаец при обид да биде приведен
-

Мицкоски: Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот
