-->
-->
Две лица тешко повредени во судар на две возила во Штип
-->
Вчера во 17.00 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.С.(70) од Штип и патничко моторно возило „Фиат пунто гранде“ со штипски регистарски ознаки управувано од Б.К.(34) од Штип.
По незгодата возачот и сопатникот Б.С.(66) од Штип во патничкото моторно возило „Рено меган“ со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде од доктор им биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО
-
Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино