Две лица ранети со нож во воз во Австрија

Вооружен маж денеска со нож рани двајца патници во воз во западната австриска провинција Форарлберг, во близина на станицата „Зулц“, пренесе ТАСС, повикувајќи се на полициски извори.
Напаѓачот е задржан во полиција. Се работи за 60-годишен етнички Германец, се наведува во соопштението.
Жртвите се двајца тинејџери, од 17 и 19 години, кои заради сериозните повреди се задржани во болница. Едниот од нив е ранет во стомакот и грбот, а другиот кај грлото.
Германецот за когошто се претпоставува дека има психичко разстројство, бил совладан од страна на други патници.
Провинцијата Форарлберг се наоѓа на крајниот запад на Австрија и граничи со Швајцарија.
Австриската полиција исклучува каква и да било поврзаност помеѓу денешниот напад и оној во швајцарскиот воз во саботата. Тогаш маж вооружен со нож и запалива течност, се нафрли на сопатниците, при што уби една жена и рани шестмина. Напаѓачот потоа почина во болница.
Ново на Сител
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
