-->
-->
Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-->
– Две лица, од кои едното малолетно се повредени во тешка сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.
СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20:15 часот меѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (23) од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (22) од Охрид.
– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“. Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена

