Две лица повредени во сообраќајка кај село Никуштак
Две лице се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17.30 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак, при директен судир на две возила.
Kако што информираше денеска МВР, во несреќата учествувале два автомобили, „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 36-годишниот С.С.
Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Негов сопатник, веднаш по несреќата пренесен е во Ургентниот центар во Скопје.
Увидот што го извршила кумановската полиција по овластување на основен јавен обвинител ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.
Во Куманово вчера на крстосницата меѓу улиците „Тоде Думба“ и „Биљановска“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две возила, „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувана од 30-годишниот К.А.Л. од Софија и „Тојота авенсис“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 48-годишниот С.К. од Куманово.
Како што информира денеска МВР, возачот на „тојотата“ и сопатничка од „хондата“ Ј.А.Л. се здобиле со повреди и по укажаната помош во Кумановската болница пуштени се на домашно лекување.
Увид на местото на сообраќјката извршила кумановската полиција по овластување на основен јавен обвинител.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче