Две лица повредени во лавина во Швајцарија
Две лица се повредени денеска попладне во јужниот швајцарски кантон Вале откако беа затрупани од лавина, соопшти локалната полиција.
Првично полицијата објави, повикувајќи се на очевидец, дека десет лица биле затрупани од лавината.
- Навистина имало група од десет скијачи, но во моментот на лавината, осуммина од нив се наоѓале погоре од местото од каде тргнала снежната маса. Човекот кој го пријави случајот помислил дека и тие биле затрупани, изјави за АФП портпаролот на полицијата Стив Леже
- Планински спасувачи ги пронајдоа двајцата повредени и ги одведоа во болница, додаде тој.
Инцидентот се случи во доцните попладневни часови на 2.500 метри надморска височина.
Опасноста од лавини во моментов се проценува на трет степен од петстепената скала за целата територија на Вале. Денеска имало неколку лавини надвор регулираните патеки, посочи кантонската полиција и повика на внимателност.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски и Советот на јавни обвинители да го преиспитаат предметот за Теодора
-
Истражување: Секоја петта објава на политичките партии содржи штетен наратив
-
Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство за покривање на основните трошоци
-
Секоја втора жена не работи
-
Затворени 28 објекти без лиценца и минимум технички услови за работа
-
Решението за глувците во училиштето во Бутел е дератизација, вели министерката Јаневска
-
Вандализирана градинка во Бутел
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче