-->
-->
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-->

Кумановки ги нападнале сопрузите, едната го нападнала и синот, во два одвоени случаи, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи Куманово.
-Вчера во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода триесет и петгодишната А.С. од Куманово затоа што физички го нападнала нејзиниот син и со остар предмет се заканувала на нејзиниот сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Подоцна во 18.00 часот во СВР Куманово, 38 – годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата поранешна сопруга Л.Е.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
