-->
-->
Две камери го снимиле убиството на Оливер Ивановиќ?
-->
Како што пишува српскиот Блиц, на партиските простории имало две камери за видео надзор кои, најверојатно го забележале моментот кога е убиен Оливер Ивановиќ, лидерот на Граѓанската иницијатива СДП во Косовска Митровица, кој утринава беше застрелан од непознати лица, по што почина во болница.Ивановиќ се сметаше за умерен лидер на косовските Срби, а атентатот врз него најверојатно ќе има негативни последици врз односите на Белград и Приштина, како и врз состојбата во Косово.
Близу партиските простории пред кои е убиен, на нешто повеќе од еден километар, полицијата го пронашла запаленото визло „опел астра“ со кое убиецот најверојатно, се одалечил во непознат правец.
Според пишувањата на Блиц, полицијата се уште ги утврдува мотивите поради кои Ивановиќ бил ликвидиран. Она што се знае е дека во него биле испукани пет куршуми.
Односите помеѓу Србија и Косово повторно „вријат“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
