Две години заглавен изборот на првиот човек на Државниот завод за ревизија
Заглавен изборот на Државниот ревизор во Собранието и матичната комисија за избори и именувања и покрај тоа што истекува мандатот и на заменик директорот во оваа институција, па можна е целосна блокада на ревизорското тело.
Владејачките партии СДСМ и ДУИ и по две години никако да постигнат договор кој да седне на првото столче во Државниот завод за ревизија.
Ако до 4 октомври не се избере нов директор на ДЗР вработените нема да земаат плата, а нема да може да се изготвуваат и резизорски извештаи.
Дополнително, Комсијата за избори и именувања заглавува со својата работа и поради барањето на 8-те пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за нов распоред на пратениците по комисиите поради промените во пратеничките групи.
Според претседателот на Комисијата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ досегашното искуство во парламентот било да нема прераспредлба во комисиите без разлика на преминувањата од една во друга пратеничка група.
Нов обид за избор на Државен ревизор и договоро за тоа како комсијата за избори и именувања да продолжи да работи ќе има во петок.
Освен прв ревизор, подолго време чека и изборот на челнови на Агенцијата за медиуми, МРТВ, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Комисијата за спречување на дискриминација, за слободен пристап за информации од јавен карактер.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
