Живот
24. July 2017 - 16:21

Две години не одев во тоалет и не пуштав гасови: А потоа ја дознав дијагнозата која ми го смени животот!

Замислете две години да не можете да направите голема нужда  ниту пак да испуштите гас.Звучи невозможно, нели? Но, вшушност јас со едвај нешто повеќе од  2 години така живеев.

Така ја почнува својата приказна Мел Смитод Австралија. Како што вели, овие денови организира мала забава за своите пријатели по повод тоа што овие денови за прв пат извршила нужда.

- Можеби тоа ви делува чудно, но по сите тие патења низ кои сум поминала, решив на тоа да се смејам наместо да плачам. Од 2015 поврзана сум со кеса која ми е прикачена на стомак. Во неа се олеснував, било каде и било кога. Немав контрола на тоа. Се почна кога приметив дека долго не пушатам гасови, а болките во стомакот беа неиздржливи. Постепено, не можев ниту да јадам, и станав озбило дехидрирана. На крајот отидов на доктор кои на почетокот се посомневаа на анална фисора. И долго не знаеја навистина што ми е. Дури во август 2015 година добив дијагноза - улцерозен колитис. Ми кажаа дека веднаш морам на опеарција затоа што состојбата е повеќе од озбилна, раскажува Мел.

Не бара секој улцерозен колитис отстранување на цревата. Всушност, докторите тоа го оставаат како последна опција. Мојата состојба беше алармантна и без размислување решија да го отстранат. Од таа операција врзана сум со кеса која ми излегува од стомакот. никогаш повеќе не почувствував нагон за голема нужда како обичните луѓе туку само некоја непријатност. Така беше до пред три недели, кога повторно отидов на операција. Овој пат докторите ми ги поврзаа цревата. Бев многу испашена. Се плашев како ќе изгледаат моите одења во тоалет, и по два дено дознав. Го почувствував тоа мешање во цревата кое го немав почувствувано со години. Седнав на ВЦ школката, што исто го немам направено со години. И ја завршив работата. Бев толку многу возбудена што и пратив фотографија на мајка ми.

И понатаму се плашам за излегувањее од дома. Незнам дали и во која мера можам да им верува цревата. Не ми се случило ништо страшно и го пратам секое работење на цревата, но и понатаму ми е се ново и чудно. Сеуште се немам вратено на работа и тоа ми е најголем страв, затоа што мојата работа бара целодневна работа со странки, а јас незнам дали можам да гарантирам дека нема да се посрамотам во некои моменти.

Докторите ми велат дека се е готово и дека немам повеќе. И затоа овие денови правам забава. А сто ова го пишувам за сите кои поминуваат низ истото како и јас. Опкружете се со позитвни луѓе, луѓе кои ќе се алат на најпримитивен начин на сметка на вршење на нужда наместо да се гадат и првртуваат со очите. Слушајте го своето тело, за да не лутате од доктор до доктор.

Сфатете ги сите симптоми озбилно, но обавезно смејте се и шалите. Јас поради стравот и паниката не се осудив на многу работи кои морав да ги направам. Но сега тоа го исправувам - за почетук патувам во Европа. Патот е долг и ми е страв и едвај чекам тргнам и да се движам помеѓу луѓе и јадам храна која не сум ја јдела долги години. Конечно сум слободна!