Две фотоволтаични централи инсталирани на ФЕИТ

Две фотоволтаични централи со вкупна моќност од 22 киловата денеска беа пуштени во употреба на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ). Едната централа е донација од компанијата „Окта“, а другата е набавена во рамки на ИПА проектот „Подобрување на интеграцијата на складирање енергија во згради со фотоволтаици“ и со средства на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Струјата произведена со фотоволтаичните централи ќе се користи за за потребите на ФЕИТ и на факултетот ќе му донесе годишна заштеда од 3.000 до 3.500 евра.
Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека фотоволтаичните центрaли му овозможуваат на факултетот да има современ енергетски ефикасен објект и да прави максимални заштеди кога е во прашање потрошувачката на електрична енергија.
Според него, фотоволтаичните централи ќе бидат и одлична можност за студентите да се запознаат со начинот на функционирање на овој тип на системи како дел од наставата, да анализираат како генерираат електрична енергија од фотоволтаици и како ја алоцираат со минимални материјални трошоци.
- Овој проект треба да биде пример и поттик и за домаќинствата и бизнис заедницата, односно енергетските оператори затоа што фотоволтаичните централи можат да им послужат и заштедат средства, да ја заштитат животната средина и да се намали загадувањето, рече Адеми.
Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски нагласи дека со овие фотоволтаици придонесуваат за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето.
Вкупната вредност на проектот за набавка и инсталирање на двете централи изнесува 27.500 евра.
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
