Две Бугарки крадел паричници на Бит Пазар
СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против лицата Р.Г.И.(50) и Н.Н.Н.(24), двете од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“, казниво по член 235 од Кривичниот законик на Република Македонија, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.
Пријавените го извршиле делото на први овој месец околу 13.30 часот на ул.„192“ во пазарот Бит Пазар.
Тие ја искористиле гужвата и невниманието на оштетената. Н.Н.Н. се туркала во неа за да и го одвлече вниманието, а Р.Г.И. го отворила патентот од чантата и одзела женски паричник во кој имало 240 Евра, 2.400 денари и лични документи.
Лице кое било присутно во пазарот, го забележило настанот и пријавило во полициска станица.
После тоа, по преземени мерки, на 03.09.2018 година околу 13.00 часот пријавените биле приведени и задржани во Полициската станица Бит Пазар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати