Две анкети со различни прогнози за победник на изборите
Агенцијата СТРАТУМ РиД последната недела од септември и првата недела од октомври во рамки на кварталното истражување во секција за расположението на граѓаните и рејтинг на Институции и политички партии објави резултата за рејтингот на партиите и советничките групи.
На прашњето доколку утре се оддржат избори најголем дел од анкетираните или 20,1% рекле дека ќе гласаат за советничката листа на СДСМ, 18,3% се одлучиле за листата на ВМРО ДПМНЕ, додека 14,3% рекле дека нема да гласаат.
Рејтингот на партиите како што наведуваат од агенцијата од оние кои се изјасниле дека ќе излезат да гласаат изгледа вака.
Во СДСМ има најголема доверба од 26,1% испитаници, 23,8 отсто имаат доверба во ВМРО ДПМНЕ, на трет место е ДУИ и Алијанса за Албанците со речиси изедначена доверба, следуваат незавсните листи па Левица.
Истражувањето како што информираат од агенцијата е спроведено со директни интервјуа во 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.
Анкета денеска објави и институтот АКСИОС спроведена во периодот од 02 до 06 октомври годинава по нарачка на Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС.
Во оваа анкета на прашањето за чиј кандидат ќе гласате во кое биле опфатени 1345 испитаници, најголем дел од испитаниците или 28,2% се одлучиле за ВМРО ДПМНЕ, додека 22,7 проценти за СДСМ, следи Алијанса со 6,4% поддршка и ДУИ со 6.
На прашањето за кандидатите за градоначалник на Скопје каде во анкетата одговарале 824 испитаници, 18,9 проценти рекле дека ќе гласаат за Данела Арсовска, 13,2 отсто се одлучиле за Петре Шилегов, 5,4 проценти за Перо Горгиевски, 4,8% за Бени Шакири и 4,2 за ана Петровска. Мора да се напомене дека на ова прашање најкголем дел од испитаниците дале одговор за ниту еден кандидат.
Од АКСИОС посочуваат дека статистичкта грешка на анкетата е околу 2%.
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
