Дванаесет приведени, повреден новинар и фоторепортер, е билансот од протестите
Дванаесет приведени и еден повреден новинар е билансот од протестите што се одржаа синоќа пред и во близина на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“.
Според очевидци, во нередите што се случија има и други повредени, меѓу кои и еден фоторепортер.
Демонстрантите синоќа ја демолираа Народната канцеларија на претседателот Иванов во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.
Протестираа во знак на револт од одлуката на претседателот за општ прекин на сите постапки против политичари и нивни соработници поврзани со прислушувањето и политичката криза.
Претходно демонстрантите беа пред Собранието, а полицијата ги спречи да се упатат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Бараа оставка на претседателот Иванов, замрзнување на активностите за одржување парламентарни избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.
Протестот почна по 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, по што продолжи пред Народната канцеларија на Иванов па пред Собранието.
Истовремено, пред Собранието на Република Македонија, а потоа и пред седиштето на опозициската СДСМ се одржаа мирни протести во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), во знак на незадоволство од одлуката на Иванов да се аболицираат претседателот на СДСМ Зоран Заев и првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, кои, според нив, со прислушувањето ја загрозиле безбедноста на државата.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко | ФОТО
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник