Дванаесет прекршувања на полицискиот час во тетовско

Од 7:00 часот во петокот до 7:00 часот утринава СВР Тетово бележи 12 случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Сите се приведени во полициска станица каде добиле кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
-Од затекнатите 12 лица кои го прекршиле полицискиот час има едно лице над 65 години и еден малолетник. Луѓето се откриени во градот Тетово, како и во Јегуновце и Стримница, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 52 лицa, додека изјави за самоизолација потпишале вкупно 44 лица. Поради полицискиот час нема извршено контроли кај луѓето со решенија од инспекторатот и тие со самоизолација. Во изминатиот 24 часовен период за неносење заштитни маски изречени се два казни.
Граѓаните од сите тетовски општини од четвртокот во 21:00 часот до понеделник во 5:00 часот ќе треба да останат во домовите согласно мерката за ограничено движење во насока на спречување на ширење на коронавирусот.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
