Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода
На двајцата насилници, кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и притоа го снимаа монструозниот чин, им заврши притворот и се отпуштени од кумановскиот затвор. Иако Штипска апелација ја потврди пресудата на Основниот суд и затворската казна од по две и пол години е правосилна, осудените Стефан и Пепи на слобода ќе останат уште два месеци, пренесе Алфа.
За издржување казна затвор треба да се јават после први септември, бидејќи со владина Уредба поради корона кризата е пролонгирано издржувањето на затворски казни до три години, освен за предметите за кои постои опасност од застарување, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.
Мерката притвор определена против двајцата обвинети е продолжена до правосилноста на пресудата, но најдолго шеесет дена од изрекувањето на пресудата на истата како максимален период согласно законот, поради што осудените се отпуштени од Затвор Куманово на 30 јуни, информираат од Судот за извршување на санкции во Штип.
Одбраната на девојката меѓутоа тврди дека постои реална опасност насилниците да и се закануваат и да ги прекршат изречените правосилни времени мерки за заштита од насилство, со што ќе сторат уште едно кривично дело.
Ново на Сител
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција